Вести Спорт Фудбал

Повлечен дресот со број 44 од Германската репрезентација поради сличност со нацистичкиот симбол СС

Дресот на Германската фудбалска репрезентација за престојното европско првенство во Германија наиде на лавина реакции на социјалните медиуми по неговата официјална  промоција од Адидас.

Причината за тоа е наликот на бројот 44 на логото на нацистичката организација СС поради што истиот е повлечен од продажба  и нема ниту еден фудбалер да го носи на континенталниот собир ова лето.

Како компанија, ние активно се спротивставуваме на ксенофобијата, антисемитизмот, насилството и омразата во која било форма, изјави портпаролот на Адидас Оливер Бруген.

Во своето соопштение пак Германската фудбалска федерација (ДФБ) изјави дека при проверката на бројките, ниту една од страните не видела блискост со нацистичките симболи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе