Вести Македонија

Таравари: Алијанса ќе има носител во петата изборна единица, очекувам најмалку шест мандати

Носител на листа во Изборната единица 5 и неколку високи позиции во рамките на кандидатските листи на Коалицијата „Вреди“. Крилото на Алијансата за Албанците под раководство на претседателскиот кандидат Арбен Таравари на денешниот состанок на  Централното Собрание ги прецизираше дел од имињата кои ќе се најдат на листите во рамките на Коалицијата „Вреди“ а дел ќе се утврдат до крајот на денот.

Она што е познато е дека во петата изборна единица носител на листата на Коалицијата „Вреди“ ќе биде предлогот на Таравари, стружанецот Салим Сулејмани, во втората изборна единица ќе биде коносител на листата Ријад Шаќири а актуелниот пратеник Халил Снопче ќе биде на четвртото место во изборната единица шест.

За неколку позиции, крилото на Алијанса предводено од Таравари ќе има заеднички кандидат со „Демократско движење“ на Изет Меџити.

Таравари потврди дека коалицијата „Вреди“ ќе има кандидатски листи во третата и четвртата изборна единица а Алијанса ќе настапи во листите со непартиски но истакнати лица. За разлика од останатите изборни единици, носителите тука сеуште не се прецизирани во рамките на коалицијата.

Околу расколот во партијата и разидувањето со Села во отворениот дел на состанокот не стана збор а сеуште трае судскиот процес околу партискиот печат кој во моментов се наоѓа кај претседателот на партијата Таравари.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе