Вести Македонија Најважни

Минимална пензија од 20.000 денари, за Нова година по 100 евра за секој пензионер – Социјалдемократите ја слушнаа изборната програма

Подобар живот за сите и доближување на животниот стандард до европскиот преку издржани и конкретни мерки, најавуваат Социјалдемократите во својата изборна програма, која денеска ја промовираа пред членството. Фокусот им е на четири основни столба: човечки капитал, продуктивност, иновативност и конкурентност. Проектираат просечна стапка на раст на економијата од 5,1 отсто во наредните четири години, просечна плата до 1.100 евра, а минимална плата од 600 евра. На пензионерите им ветуваат минимална пензија од 20.000 денари, како и новогодишна поддршка од 6.000 денари за секој пензионер.

Делови од програмата презентираа и носителите на изборните листи, кои и на овие избори се во парови. Неговата партнерка во првата изборна единица, Миника Зајкова од ЛДП, вети бесплатен оброк за учениците во основните и средните училишта, бесплатен јавен превоз од прво одделение до дипломирањето, бесплатни екскурзии. Носителот во втората изборна единица, Оливер Спасовски најави нула толеранција за корупција и силна борба против криминалот.

Најмногу овации доби носителот во четвртата изборна единица, Венко Филипче.

Останатите носители ветија и двојно зголемен буџет во сточарското производство, данок на луксуз и богатство, ревизија на сите дипломи, како и доближување на институциите до граѓаните преку мобилни канцеларии во руралните средини.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе