Вести Македонија

Бројни креативни работилници и инспиративни едукативни предавања на „Кид Експо“

Различен вид креативни работилници и едукативни предавања кои се подеднакво интересни и за децата и за возрасните понуди второто издание на најголемиот дводневен детски саем во земјава – „Кид Експо“. Насмевки и убава енергија е нешто што посакувавме и на кое инсистиравме во конципирањето на програмата, велат организаторите, доколку имаме предвид дека живееме со едно брзо темпо во кое треба да се потсетиме колку е важно низ игра и кретивност да го осознаваме светот околу нас, да го погледнеме светот низ очите на едно дете.

„Имавме многу посетители околу 1000 семејства дојдоа и се забавуваа од 10:00 до 19:00 часот. На многу различни активности кои ги подготвивме за нив оваа година. Гледавме годинава да опфатиме програма за дечиња буквално од 0 до 14 години.  Со тоа што имаме доста интересни работилници и предавања и за родителите, не само за дечињата, затоа што сакавме целото семејство на еден простор да го собереме и сите да имаат што да прават, за секого да има по нешто“, изјави Марија Зекмановска – Митревска, организаторка на „Кид Експо“.

Во рамките на детскиот саем „Кид Експо“ се претставуваат 30 изложувачи кои нудат различен тип на производи и услуги, концепт во кој се опфатени различни интереси на секое дете, но и можност да се осознаат нови хоризонти кои понатаму би биле предмет на нивен интерес и начинот на кој ќе се развиваат во сите сфери на општеството. И она што е клучно, низ креативност и забава, да се едуцираат децата, вели Бојана Иванов.

„Имаме прекрасни предавања кои што се наменети не само за децата, туку и за родителите кои ги вклучуваат повеќе семејните вредности и она што во моментов многу нѐ засега темата за булинг, така што заедно со „Макпетрол“ како главни поддржувачи, генерален спонзор на настанот организираме едни прекрасни работилници, предавања токму на оваа тема. Главниот концепт и фокус оваа година е ставен во таа насока“, изјава Бојана Иванов, организатор на „Кид Експо“.

Во рамки на саемот се одржаа две работилници, дел од кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ организирана од општествено одговорната компанија „Макпетрол“ на тема ,,Врсничко насилство – проблем што го засега секој родител и секое дете!” и работилница за деца ,,Булингот не е cool! Кревам глас против врсничкото насилство!”. За психолог Стојановска од исклучителна важност е родителите навреме да ги видат сите нешта кои упатуваат дали нивното дете е жртва на врсничко насилство.

„И тука не зборуваме само за децата, туку зборуваме за еден систем кој што е неопходно да се вклучи во борбата со врсничкото насилство, а тоа е систем на семејство, на училиште и останати врсници. Зошто го велам ова? – Децата често пати, сами тргнуваат во приказната да го надминат овој проблем, но тука не може да бидат сите заштитени, бидејќи заштита треба да пружиме и на она дете кое е сторител на врсничко насилство, затоа што и него му треба помош да најде образец на однесување кој што мирољубив и процес во кој никој нема да биде повреден. Семејството може да забелеѓи прво, ако забележат некакви промени кај детето, да алармираат во училиштето, стручната служба од училиштето и заедно со родителите и останатите деца да организираат како сето тоа да се надмине“, изјава Деспина Стојановска, психолог.

Годинашниот саем за деца „Кид Експо“ беше ретка можност на едно место да ги видите и децата и возразните низ лавиринтите на креативните работилници, да го осознаат светот и воедно да го направат подобро место за живеење.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе