Вести Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ја прифатија фрлената ракавица од ДУИ

Опозициските „Вреди“ и ВМРО-ДПМНЕ веднаш ја прифатија ракавицата што ја фрли ДУИ. Подготвени се да потпишат нотарски договор дека партијата или лидерот што ќе ги изгуби изборите – не треба да се занимава со политика.

Министерот Бектеши го даде овој предлог уверен дека ДУИ ќе победи на парламентарните избори предводен од Али Ахмети кој никогаш до сега не загубил.

За Коалицијата „Вреди“, ова е сеење магла. Ги повикаа првите луѓе на ДУИ да се подготват за политичка пензија.

ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа предизвикот. Толкува дека Бектеши го посакува лидерското место во ДУИ откако Ахмети ќе биде поразен на изборите.

Димитар Ковачевски смета дека една партија во своето постоење има и победи и порази. Тој, како член на СДСМ од 94-та година, верува дека, во случај на пораз, не треба да се менува целиот тим.

Изборите за пратеници се на 8 мај. Познато е дека во Изборна единица 1 ќе има лидерско соочување. Се знаат и носителите на листи од поголемите партии и во другите изборни единици, но кандидатските листи `се уште не се целосно дефинирани. Треба да се поднесат до ДИК 35 дена пред избори, најдоцна до 2-ри април.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе