Вести Македонија Топ вести

Тие што ќе слават полнолетство меѓу два изборни круга нема да можат да гласаат за претседател во вториот круг

Тие што ќе слават роденден меѓу двата изборни круга, нема да можат да гласаат во вториот круг на претседателските избори. Сепак, ќе можат да гласаат за пратеници, затоа што ќе бидат впишани во избирачкиот список за парламентарните избори. Од ДИК појаснија дека, тоа е така затоа што избирачкиот список ќе биде веќе заклучен, а законот не дозволува негово менување меѓу два круга.

Од ДИК тврдат дека согласно податоците од МВР, се работи за бројка од 1.040 лица, а не за многу повеќе, како што тврдеа деновиве од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Тие, пак, реагираа дека на претходните претседателски избори била направена  дискриминација врз основа на возраст на околу 7 илјади лица кои наполниле 18 години меѓу двата круга, но не можеле да гласаат.

Што се однесува на реакцијата на граѓанските активисти, дека новите измени на Изборниот законик на подмолен начин ги исфрлаат од конкуренција независните кандидати, со зголемување на бројот на потписи за кандидирање, од ДИК велат дека се донесени врз основа на препораката на ОБСЕ ОДИХР, бројот на потписи да е пропорционален на бројот на регистрирани гласачи, за да се обезбедат еднакви можности.

Граѓанските здруженија реагираа дека, со ова, всушност, кандидатите треба да соберат онолку потписи колку што им требаат за да освојат мандат. На пример, ако во 2021-та, за кандидирање во Советот на град Скопје биле потребни илјада потписи, во 2025-та ќе бидат потребни над 4.600.

На овие парламентарни избори, се собираа потписи само за една независна листа, а резултатот беше далеку од потребните илјада. Но, на последните локални избори ситуацијата беше сосема поинаква. „Независните“ беа конкурентни и освоија советнички места во 33 општини.

Изборниот законик беше изменет минатата недела, по предлог на четирите најголеми партии. Главен акцент беше ставен на гласањето со истечени лични документи. Согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за изборите оваа година, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.

Неизвесно е и дали ќе се гласа во дијаспората. Според правилата, за да биде отворено гласачко место во конзуларна канцеларија во странство, треба да бидат пријавени најмалку 10 гласачи. За да биде избран пратеник, пак,  треба да освои гласови колку пратеник од државата што на последните избори освоил најмалку гласови – тоа значи дека треба да има најмалку регистрирани 5355 гласачи во сите дипломатски канцеларии во странство, за да се организира гласање. Досега се пристигнати вкупно 1451 пријава од кои се прифатени 1101. Рокот за пријави завршува за три дена.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе