Вести Македонија Топ вести

Македонците се чувствуваат безбедно во НАТО – 64 отсто веруваат дека Алијансата нè штити од надворешни непријатели

Членството во НАТО го намалува ризикот Македонија да биде нападната однадвор. Ова го сметаат 64 проценти од граѓаните на земјава, објави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во неговиот годишен извештај за Алијансата. Граѓаните на Албанија, како членка на НАТО, пак, најмногу веруваат во безбедноста која им дава Алијансата, со дури 89 проценти, додека најмалку уверени граѓани дека нивните земји не можат да бидат нападнати однадвор се Словенија и Црна Гора со само 46 проценти.

Процентот на македонски граѓани кои би гласале Македонија да остане во НАТО, пак, е 63 проценти, наспроти 24 кои одгобвориле дека би гласале за напуштање на НАТО. Црна Гора е единствената членка на Алијансата каде процентот на граѓани кои би гласале за останување во НАТО е под 50 проценти, е Црна гора со 46 проценти, додека 44 проценти од Црногорците би гласале за напуштање на Алијансата.

„Податоците се јасни. Јавната поддршка за НАТО е исклучително силна на двете страни на Атлантикот. Ако гласањето би се одржало денес, огромно мнозинство граѓани од земјите на Алијансата би гласале „за“ НАТО. Како пример, во САД држави, само 13 отсто би гласале против. Над 80 отсто од нашите граѓани веруваат дека Северна Америка и Европа мора да продолжат да работат заедно за нашата заедничка безбедност. Ширум Алијансата, поддршката за НАТО останува многу цврста“, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Годишниот извештаја на Столтенберг за 2023 година покажува и дека Македонија е една од 18 членки на НАТО кои годинава ќе исполнуваат критериумот за издвојување на 2% од БДП за одбрана или 327 милиони евра. Од тоа, според Извештајот Македонија, една третина издвојува за опремување на армијата или изразено во проценти 34.2, што споредено со 2014 година е за пет пати повеќе. Според Извештајот на ген-секот на НАТО, дури 70 проценти од македоските граѓани сметаат дека државата треба повеќе да троши на одбрана. Само 12 проценти сметаат дека трошоците треба да се намалат.

На инвестирање во инфраструктура од вкупните трошоци на буџетот на одбраната отпаѓаат занемарливи 1,6 проценти, а на операции и други трошоци 16.4. Најголем дел од трошоците на македонската одбрана отпаѓа на персоналот со 47.7 проценти, со што Македонија се вбројува во 12 држави членки на НАТО која троши над 45 проценти од буџетот на одбраната на персонал.

Инаку во однос на војната во Украина, Извештајот на Столтенберг за 2023 година, содржи статистика за поддршката која ја даваат граѓаните од земјите-членки на НАТО за Украина, па така 66 проценти се „за“ поддршка, додека 28 проценти од граѓаните на членките на НАТО се против. Агресијата на Русија врз Украина како закана за безбедноста на нивната земја ја сметаат 63 проценти од граѓаните од членките на НАТО, што е за 1 процент помалку од 2022 година. Само 8 проценти сметаат дека руската инвазија врз Украина не претставува закан за нивната земја.

Македонија стана членка на НАТО на 27 март 2020 година, како 30 земја-членка.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе