Вести Македонија Топ вести

Бектеши: Владата ќе интервенира доколку трговците не ги усогласат цените

„Доколку трговците не ги усогласат цените и повторно се појави драстично поскапување кај некои артикли и производи, Владата ќе интервенира со неколку мерки за да ги заштити граѓаните“, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Замрзнување на цените, воведување на посебни услови за одредени трговци се дел од мерките, а Бектеши не исклучува и затворање на синџири на маркети кои што ќе ги кршат правилата.

Списокот на производи кои ќе имаат ограничена маржа според Законот за нефер трговски практики е веќе подготвен, во наредните 10 дена ќе биде доставен до бизнис заедниците кои треба да го кажат својот став околку листата и евентуално да ја дополнат.

Законот за нефер трговски практики кој завчера беше изгласан во Собранието предвидува да се имплементира најдоцна за шест месеци. Во тој период добавувачите мора да се усогласат со одредбите, а министерството за економија има рок од најмногу три месеци да ја објави листата на продукти кои ќе бидат опфатени и со ограничена маржа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе