Вести Македонија Топ вести

„За“ гласаа 51 пратеник, требаше 61 – измените на законот за игри на среќа не минаа во Собрание

Измените во Законот за игри на среќа не минаа на второто гласање во рамки на вчерашното продолжение на собраниската седница. За овој закон гласаа 51 пратеник, а беа потребни 61.

Здруженијата на приредувачи на игри на среќа и на спортските обложувалници веќе подолг период предупредуваа дека овие измени се проект на само една партија, отворено алудирајќи дека е тоа ДУИ и дека ќе остави илјадници граѓани без работа. Собранието во февруари ги усвои овие измени поднесени со европско знаменце, но претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот.

„Имајќи ја предвид Одлуката од Уставниот суд У.бр. 115/2019 од 14 мај 2020 година, според која за да биде усвоен Законот потребни се најмалку 61 глас ЗА, при одлучувањето за Законот за игри на среќа и забавни игри, на 145. седница, Законот доби поддршка од 51 глас ЗА, со што не се исполнети условите за Законот да биде усвоен и со тоа завршува процедурата по тој Закон“, соопштија од Собранието.

Како што наведуваат од кабинетот на спикерот, „констатацијата од страна на претседателот на Собранието при одлучувањето за Законот игри на среќа и забавни игри се однесуваше на мнозинството што е потребно за донесување на овој Закон во редовна постапка“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе