Вести Македонија Топ вести

Во Србија има 36 случаи на мали сипаници од кои во Белград се регистрирани 30 случаи, најголемиот број невакцинирани

Во Србија во моментов има 36 потврдени случаи на морбили, а најголем број заболени има на територијата на Белград, како и регистрирани 962 случаи на пертусис, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што изјави за РТС директорката на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, Верица Јовановиќ, во Србија има 36 случаи на мали сипаници од кои во Белград се регистрирани 30 случаи.

Таа додаде дека од 36 пациенти, 30 се невакцинирани или со непознат статус на вакцинација и повторно упати апел за вакцинација.

Според Јовановиќ состојбата со грипот е постабилна, а бројот на заболени е намален за околу 20 отсто во однос на претходната недела. Во оваа сезона, како што рече, доминирал вирусот на грип од типот А (Х1Н1).

Јовановиќ кажа и дека од почетокот на годинава во Србија се потврдени 962 случаи на пертусис или голема кашлица и упати апел до родителите да ги вакцинираат децата, оти не постои подобар начин за нивна заштита.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе