Вести Македонија Топ вести

Силјановска Давкова во ВИН ВИН: Не поради уставните измени ќе добиеме вето поради непочитување на Копенхашките критериуми

Важно е! Лидерство што носи промени, ова е слоганот на конвенцијата на која Гордана Силјановска Давкова по вторпат доби претседателска номинација. Какви промени, кој е вистинскиот пат, како да сопрат поделбите, што може да направи претседателот на Републиката? За женската димензија, критиките за албанофобичност, русофилство и изолација вечерва во Вин-Вин интервју со Гордана Силјановска Давкова.

  • Во ЕУ ќе бидеме почитувани и рамноправни ако сме построени и уредени според Копенхашките критериуми. Ако имаме независното судство, ако се почитуваат правата и слободите, ако имаме европско образование, а не факултети кои се „фабрики за хартија“, па  имаме повеќе доктори на науки по глава на жител од Британија, рече Гордана Силјановска Давкова, која е поддржана од ВМРО – ДПМНЕ за претседателски кандидат.

Според неа истовремено менувајќи ги работите и европеизирајќи се ние ќе наидеме на подобар однос и подобар одговор. Таа смета дека ова со уставните измени „апсолутно не држи“, и дека ЕУ ќе ни стави вето и „ќе добиеме не знам колку вета поради непочитување Копенхашките критериуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе