Вести Македонија Топ вести

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан без коментар околу наводите за соработка на членови на Синодот со руската разузнавачка служба

Поглаварот на Македонската православна црква – ОА, Архиепископот г.г. Стефан, без коментар околу наводите дека високи членови на Синодот соработуваат со припадници на руската разузнавачка служба. Тој денеска одлучи да не одговори на новинарските прашања околу евентуални средби на членови на Синодот со руски разузнавачи.

Завчера пак, професорот од институтот за безбедност, Марјан Ѓуровски, на дебата за улогата и влијанието на религијата во современото општество, предупреди на вмешаност на владици-членови на Синодот МПЦ-ОА во шпионажа за незападни разузнавачки служби и ги оцени како безбедносен ризик и закана и за македонската црква внатре, но и за државата.

Тој се повика на веќе изнесени информации од претседателот Стево Пендаровски, директорот на агенцијата за разузнавање и владини претставници добиени од западни разузнавачки служби дека членови на Синодот се соработници на руската разузнавачка служба.

Претходно претседателот Стево Пендаровски изјави дека „членови на Синодот се соработници на руската разузнавачка служба врз основа на сознанија кои се строго доверливи“.

Во септември минатата година македонските власти му изрекоа забрана за влез во државата на Васијан Змеев, кој како претставник на Московската патријаршија, често престојуваше во Македонија.

Во мај минатата година во официјалниот извештај на Советот на американски амбасадори беше како загрижувачко загрижувачкото мешањето на руските разузнавачки служби во политичкиот и општествениот живот на Македонија преку Православната црква и преку операциите за масовно дезинформирање.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе