Спорт Тенис

Ѓорческа против Зајцева во четвртфиналето во Ларнака

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Аламинос-Ларнака, Кипар.

Ѓорческа денеска во рамки на второто коло ја совлада Матилде Паолети од Италија во три сета со 6-3, 3-6 и 7-5 по 2,5 часа игра. Следна ривалка на Македонката е Русинката Ксенија Зајцева, која денеска ја совлада првата носителка на турнирот во Кипар, Нома Ноха Акугуе од Германија во три сета. 19-годишната Зајцева е во одлична форма и е во низа од седум победи по ред, а минатиот викенд славеше на турнирот во Ираклион во Грција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе