Вести Македонија Топ вести

Цистерната со плин што се преврте во битолско ќе се „исправа“ денеска – вчера немало соодветна механизација

Цистерната со плин која беше превртената вчера во 9:30 часот во близина на битолското село Вашарејца ќе се отстранува денеска поради немање соодветна механизација, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„РЦУК Битола извести дека вчера во 9:30 часот добиена е информација за превртена цистерна со плин во близина на битолското село Вашарејца. На терен интервенирале комбинирано пожарникарите од ТППЕ Битола со четворица пожарникари и едно противпожарно возило, МВР – СВР Битола и Итна медицинска помош – Битола. Возачот на камионот бил лесно повреден и е пренесен во Клиничката болница во Битола“, се наведува во соопштението.

Во последното деноноќие, како што информираат од ЦУК, имало вкупно 1 988 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 45,62 отсто, а 54,38 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 62,18 отсто, кон итната медицинска помош 34,87 проценти, a кон пожарникарите 1,27 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Во последното деноноќие на бројот 112 во ЦУК бил пријавен само еден пожар на отворено во Скопскиот регион.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе