Вести Македонија Топ вести

За Тошковски владината одлука е скандалозна и спротивна на законите

„Вчерашната одлука на Владата со која беа поништени пет наредби донесени од моја страна е скандалозна и спротивна на законите“, напиша на Фејсбук техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.
Според него една од петте поништени наредби се однесува на работник во Министерството за внатрешни работи кој се упатува да извршува работни задачи во управните служби во Ново Село каде министерството е соочено со кадровски дефицит во делот на издавањето на лични документи, а со ваквата одлука на Владата практично се доведува во прашање функционирањето на оваа организациска единица, односно издавањето на лични документи на граѓаните на оваа Општина.
  • „Останатите четири наредби се однесуваат на советници од мојот кабинет со кои им се даваат конкретни насоки за постапување, а со нивното поништување исто така се влијае на работата на Министерството на највисоко ниво кое во претстојниот период треба да биде гарант за спроведување на мирен и демократски изборен процес“, пишува Тошковски.

Владата вчера соопшти дека по укажување на дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи во техничката влада, дека со едностран потпис, само од страна на министерот за внатрешни работи, се донесени пет наредби за кадровски прераспоредувања и распоредувања во подрачни сектори на МВР и во бирото за јавна безбедност, ваквите акти, како второстепен орган, ги прогласи за ништовни.

Поништени пет наредби на Тошковски, немале потпис и од неговиот заменик Бојмацалиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Пожарот над Кочани сè уште активен, на терен над 30 пожарникари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе