Вести Македонија Топ вести

Со полиграф на граничарите ќе се спасува домашниот буџет

Сивата економија почнува на границата, и оттаму започнува кражбата на третина од буџетот. Полицајци гледaат настрана, граничари договараат криминал. Шемата е јавна тајна, а обвинителството мака мачи да ги изведе пред лицето на правдата. Националниот кординатор за погранично управување отвори јавна дебата за идните законски решенија за оваа проблематика, но и кој и како да се изведе пред уредот на вистината.

„Најмалку еднаш годишно секое лице кое работи на високоризично работно место да биде  подвргнато на полиграфирање. Првата дерогација на правото која ќе ја предложиме е во законот за гранично управување, Член 56, со кој се уредува функционирање и поставување на националниот координатор“, изјави Владимир Пивоваров, националниот кординатор за гранично управување.

Но и да заживее идејата во закон, потребно е да се тргнат пипците на политиката во процесот. Според експертите идејата е помпезна, но ако се трага по вистината за криминалот, треба да се почне од највисоките ешалони на власта. Првенцијата од корупција е покорисна отколку борбата – сметаат дел од учесниците од дебатата.

Сепак, корупцијата на границата не е единствената закана за државата. Според иницијаторите на предлогот,  доколку на границата има еден корумпиран цариник, полицаец, коj за одредена сума пропушта шлепер со оружје, дрога, автобус со терористи, тоа претставува закана и по националната бебедност на државата и земјите од опкружувањето.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 20 повредени откако се преврте автобус во северна Германија

Дејан Дејан

Експлозија на бензинска пумпа во Рим, повредени полицајци и пожарникари

Дејан Дејан

Лагард: Посилен единствен пазар на ЕУ за борба против царините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе