Вести Македонија Топ вести

ПОСЛЕДНА ВЕСТ: Сменет обвинителот во случајот против Максим Димитриевски

Сменет е обвинителот кој го застапува обвинителниот предлог против кумановскиот градоначалник и претседателски кандидат Максим Димитриевски за злоупотреби во службата.

Од прес-службата на Јавното обвинителство ни одговорија дека одлучувале по барање за изземање на обвинител поднесено од страна на обвинетиот.

„Одлуката за изземање е донесена за да не се предизвика сомнеж во непристрасноста на обвинителството и предметот е доделен на обвинител од ОЈО Куманово, кој бил следен на распоредот за работа“, ни одговорија од Обвинителството.

Случајот е отворен по кривична пријава на две правни лица од Куманово кои тврдат дека Димитриевски, иако требал, не им ги потпишал решенијата за уплата на комуналии за изградба на згради. Димитриевски тврди дека станува збор за политички реваншизам за одлука со која сака да ги заштити граѓаните од бетонизација на Куманово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

До 10 милиони евра загуба од реформската агенда

Дејан Дејан

Мицкоски размислува за данок за немажени и неженети – невладините препознаваат голема дискриминација и репресија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе