Вести Македонија Топ вести

Цистерна со плин излета од пат во близина на Битола, се чека механизација за нејзино подигнување

Цистерна со плин излетала од пат во близина на битолското село Вашарејца, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Незгодата, според регионалниот ЦУК Битола, се случила претпладнево околу 09:30 часот.

„Известени се ТППЕ Битола којашто прати четворица пожарникари со една противпожарно возило, а МВР Битола се веќе на терен. Возачот на камионот е лесно повреден и пренесен е во клиничката болница во Битола. Се чека механизација за подигнување на цистерната“, информираат од ЦУК.

Од битолската полиција за Телма информираат дека нема истекување на плин од цистерната.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓните ги добија првите сметки за струја со упатство како се читаат броилата

Дејан Дејан

Над 20 повредени откако се преврте автобус во северна Германија

Дејан Дејан

Експлозија на бензинска пумпа во Рим, повредени полицајци и пожарникари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе