Вести Македонија Топ вести

Д-р Младеновска во Топ Тема: Превентивата е топ приоритет во секое време, а не само во епидемиски услови

Болестите на минатиот век се враќаат, а вакцинацијата на поразително ниво. Пертусисот го запали алармот. Дали и зошто антиваксерството и медицината од социјалните мрежи, го победија здравствениот систем? Како да се врати редот и вербата дека приоритет се здрави поколенија?

Во Топ Тема дебата со: проф. д-р Катерина Ставриќ, имунолог, проф. д-р Александра Грозданова, Национален координатор за имунизација, д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести и д-р Сања Цилевска Младеновска, лекар во Поликлиника Букурешт.

Здравствените работнити сметаат дека лекцијата од пандемијата се уште не е научена. За родителите, според нив, градинката е најголемиот мотив за вакцинирање на децата. За потсетување за вакцинирање се предвидени разни механизми, вклучувајќи и СМС пораки преку „Мој термин“, но и поштенски каритчки на домашна адреса.

„Многу работи треба да се сменат. Овие епидемии треба да не научат, и епидемијата на морбили и на пертусис и ковид-пандемијата, дека превентивата е топ приоритет во било кое време не само во епидемиски услови“, порача д-р Младеновска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе