Вести Македонија Топ вести

Ампева: Македонија е далеку од рамноправност меѓу мажот и жената

Шеесет и деветте текстилни работнички од конфекцијата „Сони“ во Кавадарци се олицетворение на овој 8 март, порача Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. Победата на овие работнички е што Апелациониот суд Скопје го врати предметот во Основен суд Кавадарци.

Тие со првостепената пресуда беа задолжени да си ги платат судските трошоци во висина од 20.000 евра, поради тоа што изгубиле спор за неисплатени плати и други додатоци. Една од работничките и почина, лани во март имаше и протести од страна на работничките. Според Ампева ова беше една од најсрамните пресуди за работниците во земјава, кои останаа и без плати, но и должни и кон судската власт.

Битката за правата на овие текстилни работнички продолжува наредниот месец во судницата во Основниот суд во Кавадарци. Ампева на денешната прес-конференција истакна дека и по повеќе од еден век, направен е напредок, но сме далеку од првичната идеја за рамноправност помеѓу мажот и жената.

Работничките и работниците во земјава мора да ги знаат своите работнички права, но сè уште имаме примери работници без да имаат копии од договорите за вработување, потпишување на бели листови, па и враќање на пари во плик.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе