А предлог законот за забрана на нефер трговски практики денеска е ставен на дневен ред на седница на Комисијата за европски прашања.
Овој предлог-закон треба да помине и на Законодавно-правната комисија за потоа пратениците да расправаат за него на пленарна седница.
Со донесувањето на Предлог законот се очекува да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори, кои се активни во синџирот на снабдување со храна.
Надлежните очекуваат да се стави крај на нелојалната конкуренција во трговијата и дека овој закон ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи.