Вести Македонија

Забрана за прифаќање на невакцинирани деца болни од пертусис во градинка поради брзото ширење на големата кашлица

Децата кои не се вакцинирани против голема кашлица да не бидат примени во градинките, ова е главната нова препорака на Комисијата за заразни болести, откако епидемијата со оваа болест постојано се шири. Најалармантна е состојбата во главниот град, над 90% од заразените се од Скопје. Ќе има засилени инспекциски контроли во градинките за да се спречи примање на невакцинирани деца, а новите препораки ќе важат на територија на цела држава иако епидемија официјално е прогласена само во Скопје.

„Да се овозможи тестирање на територијата на цела држава за пертусис. која ќе биде спроведувана во центрите за јавно здравје. Комисијата за заразни болести донесе одлука да препорача во вакциналните пунктови евиденцијата која се води дигитална да биде задолжителна со цел да имаме подобар преглед за податоците на децата кои се вакцинираат“, изјави Злате Мехмедовиќ, портпаролот на Комисијата за заразни болести.

За десетина дена ќе пристигнат вакцините за возрасните против големата кашлица. Тие нема да бидат наменети за сите граѓани туку само за одредени категории.

Од Комисијата за заразни болести апелираат да се зголеми свеста на родителите и да ги вакцинираат децата со сите вакцини според задолжителниот календар за имунизација.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со мотор удрил во 72-годишен пешак кој починал на лице место – уапсен 22-годишниот возач

Дејан Дејан

Изгореа три автобуси и комбе, за среќа без повредени – пожар крај бензинска пумпа во Кочани

Дејан Дејан

Венс: Ерата на американска доминација во светот е завршена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе