Вести Македонија Топ вести

Шаќири: Хонорарците во МКЦ ќе бидат вратени по изборите

Реакцијата на директорот на МКЦ Арбен Шаќири ја пренесуваме во целост:

 

Соопштение до медиуми 

 

Почитувани, 

 

Изминативе денови јавноста e доведена во заблуда од неточните и еднострани информации кои се пласираат, а се поврзани со МКЦ поточно со истечените договори на 30 лица кои биле хонорарно ангажирани во институцијата.

 

Имено, се работи за придржување кон законските обврски кои произлегуваат од известувањето на ДКСК и изборниот законик според член 8-а, упатено до сите институции. Од таа причина сите лаги, клевети и обвинувања на сметка на МКЦ ги отфрламе како неосновани и како дел од хајка која се врши со цел да се наруши угледот на институцијата и нејзиното раководство. Во тој контекст нагласуваме дека ниту еден настан од програмата и според предходно потпишаните договори не е откажан. Исто така нагласуваме дека се работи за инсинуација дека на МКЦ е ставен клуч со што ги отфрламе сите обвинувања дека МКЦ не работи. МКЦ е и останува институција отворена за сите.

 

Преку ова соопштение сакаме да ја известиме јавноста дека апсолутно не станува збор за своеволна еднострана одлука за прекин на договори, туку се работи исклучиво за придржување и почитување на законските прописи согласно изборниот законик кој стапува на сила од денот на распишување на претседателските и парламентарните избори 2024 година. Би сакал да ве известам дека веднаш по завршувањето на изборниот процес и во моментот кога истото ќе биде дозволено според законските прописи хонорарно ангажираните лица кои се неопходни за редовното функционирање на институцијата повторно ќе бидат со работен ангажман. 

 

Исто така сакаме јавно да укажеме дека сите претходни раководни структури на институцијата како и до сите претходни мандати на состави на совети при град Скопје, се дозволило институцијата да се доведе во позиција без да се регулира трајно статусот на времено ангажираните лица во МКЦ.

 

Нагласуваме дека е упатен и официјален допис до ДКСК со цел да се добие мислење/согласност за понатамошно дејствување на што сеуште до МКЦ нема пристигнато никаков одговор!

Ве замолуваме соопштението да биде објавено во целост, со цел доследно запознавање на јавноста за состојбите.

 

Со почит

Ј.У. Младински културен центар

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Опасната бактерија листерија во маслинки во Германија – повлечена цела серија од два ланци на маркети

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 2.7.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе