Вести Македонија Најважни

Османи во Топ Тема: Треба да имаме претседател којшто ќе сплотува

ДУИ го кандидираше Бујар Османи за претседател на државата. Тој во „Топ Тема“ на Телма го откри и мотивот за неговата кандидира за претседател – да биде првиот консензуално избран претседател на државата кој нема да генерира политички и етнички поделби како досегашните шефови на државата.

„Поддршката од граѓаните ја барам врз основа на моите искуство, компетенции, работна дисциплина, меѓународна етаблираност. Тоа што е уникатно во мојата кариера е мојата меѓународна етаблираност, искуство, контакти, а претседателот на државата тоа го прави, ја претставува државата надвор. Овој пат да не се гласа по етнички линии, туку по искуство, по кандидат“, изјави Османи, потенцирајќи дека претседателот во последните триесет години бил извор на проблеми, поларизација и ескалација на политичката состојба.

Кандидатот за претседател на ДУИ тврди дека лидерот на земјата има три улоги.

„Едно, да биде компас на геостратешката ориентација, второ, да биде сврзно ткиво на различните етнички и политички наративи и трето, да биде деескалатор, да биде деполаризатор, тој што ќе ги намалува тензиите“, порача Османи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Опасната бактерија листерија во маслинки во Германија – повлечена цела серија од два ланци на маркети

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 2.7.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе