Вести Македонија Најважни

Нови случаи на голема кашлица во Скопје- заседава Комисијата за заразни болести

Нови четири случаи на голема кашлица регистрира Центарот за јавно здравје Скопје. Само еден од потврдените случаи е целосно вакциниран, другите два се делумно вакцинирани и 11-месечно бебе кое е невакцинирано.

Лицата со блага форма на болеста кои не знаат дека имаат голема кашлица, се заразни од појавата на првите симптоми. Заболените се најзаразни до околу 3 недели по почетокот на кашлицата.

Поради актуелната ситуација со болеста во земјава Комисијата за заразни болести за денеска има закажано состанок на кој се поизвесно е дека ќе бидат донесени нови мерки, имајќи ја предвид актуелната состојба со пертусис во Скопје, но и можноста големата кашлица да се рашири и во останатите градови во земјава.

Најверојатно ќе биде донесена и одлука градинките да не ги примаат невакцинираните или делумно вакцинираните деца.

Министерството за труд и социјална политика чекаат дополнително усогласување на насоките и заклучоците  на Комисијата и на Министерството за здравство за да дејствуваат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со мотор удрил во 72-годишен пешак кој починал на лице место – уапсен 22-годишниот возач

Дејан Дејан

Изгореа три автобуси и комбе, за среќа без повредени – пожар крај бензинска пумпа во Кочани

Дејан Дејан

Венс: Ерата на американска доминација во светот е завршена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе