Вести Економија Топ вести

Комисија за заштита на конкуренцијата: За да се утврди договарање на цени мора да има цврти докази кој се договарал кога и за кои цени

Од Комисијата за Телма одговорија  дека за да утврдат договарање на цени мора да имаат цврсти докази или сомнежи,  кој се договарал,  кога и за кои производи. Ако претпријатијата самите го пријават своето учество во забранет договор можат да добијат ослободување или намалување на глобата.

-При постоење на ограничувачки договори односно договори помеѓу конкуренти со кои се ограничува конкуренцијата на пазарот вклучувајќи и договарање на цените. За да се утврди договарање на цените потребно е Комисијата да има цврсти докази кој се договарал, кога и за кои производи односно за кои цени.

Досега Комисијата нема конкретни индиции за постоење на забранет договор помеѓу одредени синџири на супермаркети за одредени производи. Комисијата може да изврши прибавување на податоци на лице место, кое претставува еден вид на претрес но за да го направи тоа потребно е да има силни индиции за тоа каде постојат докази за недозволено договарање на цени. Имено, Комисијата не може ова свое овластување да го користи без постоење на конкретни индиции и по свое слободно наоѓање да врши прибавување на податоци на лице место.

Комисијата може да поведе постапка по службена должност или на барање на странка која има легитимен интерес, па затоа ги повикува сите кои имаат индиции за постоење на забранет договор да ја известат  – при што може да побараат да бидат анонимни или анонимно да достават пријава по што Комисијата ќе ја води постапката по службена должност. Законот за заштита на конкуренцијата исто така предвидува можност за претпријатијата доколку самите го пријават своето учество во забранет договор, да добијат ослободување или намалување на глобата, ce вели во дописот од кзк

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе