Вести Македонија Топ вести

Муслиу во „Топ тема“: И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се закачија на јадицата што ја фрлија албанските кандидати за претседател

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се закачија на јадицата што ја фрлија албанските кандидати, одговори политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма на забелешката дека меѓу албанските кандидати за претседател на државата немаше трка за собирање на потписи каква што водат кандидатите Македонци.

„Кај Таравари и Османи почна таа битка кој побрзо ќе собере гласачи. Тоа беше присутно тие три-четири дена. Кај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ тоа се случи подоцна. И реално не ја знам причината. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат по 30 пратеници. Не се сеќавам минатиот пат имаше ваква битка за потписи. Можеби собираа, но не беше тема“, вели Муслиу.

Според него, сето ова што се случува во изминатиот период е последица на спојувањето на двата изборни циклуса – претседателскиот со парламентарниот.

„Колку и да се трудиме да раздвоиме претседателски кампања од партиска, ве уверувам дека круната е 8 мај. Таму е резултатот. Ако поголемите партии би можеле да бираат едно од двете, сигурно би ги избрале парламентарните на кои сакаат добар резултат. Прво, ова се случуваше кај албанските политички партии. Второ, ова е предкампањска фаза, никој не им ги пази финансиите. Пазете, сето ова чини, па и тие автомобили и автобуси. Не верувам дека голем број на оддржувачи се подготвени да плаќаат автобуски карти во тие специјални возења за да дојдат до негде“, вели Муслиу.

Тој вели дека, во високо политизирана држава каква што е нашата, има една категорија на гласачи кои веруваат дека партиите знаат за кого ќе гласаат.

„Ова не е шега. Ние сме воделе кампањи „гласај како што сакаш, никој не знае за кого си гласал“. Има одреден број на гласачи кои веруваат дека оние кои се во таа просторија, знаат за кого гласаат. Има одреден број на гласачи кои би се откажале од поддршка за една партија, ако знаат дека таа ќе изгуби, затоа што другата страна ќе дознае дека тие гласале за губитниците. Има разни категории на луѓе“, истакна Муслиу.

Тој не верува дека партиите го прават тоа што го прават со собирањето на потписи за да ги охрабрат нивните верни поддржувачи, бидејќи, според него, тие секако ќе излезат. Смета дека тоа што се правеше цела недела беше непотребно.

„Тие на партиските војници нема да им го сменат ставот со или без кампања. Ова што се прави повеќе е за оние гласачи кои не им се сигурни на партиите“, потенцира Муслиу.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Опасната бактерија листерија во маслинки во Германија – повлечена цела серија од два ланци на маркети

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 2.7.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе