Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги )АВМУ) денеска со реакција во однос на статус објавен од страна на претседателот на политичката партија Левица во кој тој упатува повик за бојкот на огласувачите и нивните производи на ТВ Канал 5, со што како што велат се споменува системска организирана антикампања.
Ваквото однесување од АВМУ, велат, е апсолутно неприфатливо, особено што станува збор за политичари и јавни личности кои треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на медиумите.
„Политичарите и носителите на јавни функции мора да свесни за тежината на искажаните зборови и одговорноста што ја имаат пред граѓаните. Непримерната комуникација негативно се одразува на слободата на изразување, пред сè во чувствителни периоди како предизборните и го нарушува достоинството на медиумските работници“, се вели во реакцијата на АВМУ.
Реакција и од ММА по повод говорот на омраза од страна на лидерот на Левица
По написите на Фејсбук на Апасиев со осуда се огласија и од Македонската медиумска асоцијација (ММА). Реагираат на говорот на омраза искажан кон Канал 5 Телевизија и нејзиниот директор Иван Мирчевски од лидерот на Левица, Димитар Апасиев, како и членови од неговата партија.
„Ги осудуваме тоталитаристичките обиди на овие лица да замолкнат слобода на говор како и обидите за заплашување на медиумот, директорот но и клиентите кои се огласуваат на Телевизија Канал 5 со тоа што Апасиев повикува на антикампања за огласувачите и производите кои се рекламираат на Канал 5“, реагираат од Асоцијацијата.
Од ММА велат дека се загрижени што во плуралистичкиот политички простор постои лидер на партија која учествува на изборите кој шири говор на омраза , дискредитира медиум и заплашува, се вели во нивната реакција.