Државата од моментот кога е склучена спогодбата, односно ратификувана во македонското Собрание, ги започнала и ги обезбедила условите за промена на личните документи, истакна Оливер Спасовски, поранешен министер за внатрешни работи, во вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Преспанскиот договор кој што е потпишан во 2018 година е ратификуван на 11 јануари во 2019 година. Стапува на сила еден месец од ратификацијата, значи на 12 февруари во 2019 година. Од тој момент започнуваат постапките кои што се однесуваат на целосна промена на личните документи. Уште истиот ден, на 12 февруари во 2019 година, МВР доставува информација до владата во која што бара да се започнат сите тие постапки“, рече Спасовски.