Вести Македонија Најважни

Скопје повторно без градски превоз

Скопје накратко и денеска повторно остана без jавен градски превоз. Вработените во ЈСП утрово ги паркираа автобусите и не излегоа да ги опслужуваат вообичаените рути.

Причина за ваквата нивна одлука рекоа дека е неисплатената јануарската плата.

Од утрово не работеа ниту билетарите, ниту контролорите. Но по седум часот почнаа повторно да сообраќаат.

Сепак најавите дека нема да ги опслужуваат денеска граѓаните предизвикаа гужви по градските улици но и нервоза кај корисниците.

ЈСП: Платите на вработените не доцнат, пресметките се доставени, се чека одобрување

ВМРО – ДПМНЕ: Зошто повторно се случува хаос во ЈСП, иако се одобрени субвенции за како што велеше Арсовска „цела година да не му ја мислиме“?

Коалицијата на Данела Арсовска, СДС, ДУИ и Левица во Град Скопје се директно одговорни за хаосот  во ЈСП. Тие пред само еден месец лажеа, драматично го обвинуваа ВМРО-ДПМНЕ дека е одговорен за тоа што во Скопје нема градски превоз поради доцнење на платите. Но вистината излезе на виделина после помалку од еден месец. И овој месец повторно доцни исплатата на плата во законскиот рок во ова јавно претпријатие иако Советот изгласа субвенции.

Вината е во нивната и неспособноста  на Данела Арсовска. Тие заедно со менаџерскиот тим во ЈСП,  иако добија 700 милиони денари или 11 милиони евра пред дваесетина дена, повторно доцнат со исплатата на плата во претпријатието во законски определениот рок, а причината никој не ја знае.

СДСМ: Хаосот во Скопје е пример што се случува кога ДПМНЕ ќе добие власт

Кога ДПМНЕ ќе добие власт се случува хаос. Потврда за тоа се случувањата во Скопје. Локалната власт на ДПМНЕ во Скопје буквално го уништи јавниот превоз во градот, иако на граѓаните сеуште им се свежи сеќавањата за бесплатен јавен превоз, нови 250 еколошки автобуси, фабрика за автобуси и слични погазени ветувања.

Граѓаните на Скопје веќе не знаат кој ден ЈСП работи а кој не работи, не знаат дали може да користат јавен превоз и со автобус да стигнат до своето работно место, училиште, факултет, на лекар, на пазар, до своето одредиште или не.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе