Вести Македонија Најважни

Таравари се заинтересира за претседателската фотелја

За само две недели, фразата „не сум заинтересиран„ ја замени со „дојде време државата да има претседател Албанец, не технички, туку вистински“. Арбен Таравари, кој по враќањето од средбата со Курти,  на први февруари кажа дека на маса имал понуда од опозицијата да се кандидира, но не бил заинтересиран, почнува со собирање на 10 илјади потписи за кандидатура.

На прашањето, што го предомисли во меѓувреме, не го спомна турбулентниот период, во кој крилото на Села во партијата донесе одлука да го разреши од функцијата претседател на Алијанса за Албанците, туку вели дека одлуката е донесена по многу разговори и анализи.

Таравари тврди дека кандидатурата е предлог на Претседателството на Алијанса, а има поддршка од опозицискиот „Европски сојуз за промени“. Ова коалиција ќе се официјализира во сабота, еден ден пред конгресот закажан од Села, на кој се очекува неговите приврзаници да го разрешат Таравари, но и да се донесе поинаква одлука за настап на партијата на изборите. Овој конфликт најверојатно ќе има судска разврска.

Таравари е третиот кандидат за претседател кој засега најавил дека ќе собира потписи за кандидатура. Прв беше доктор Вело Марковски, а по него и професорката Билјана Ванковска, која е поддржана од Левица. Актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски се` уште размислува дали ќе се кандидира за втор мандат, а од ВМРО ДПМНЕ допрва ќе одлучуваат.

Изборите беа распишани синоќа, а денеска со отворено писмо до сите учесници се обрати вицепремиерката Славица Грковска.

Собирањето на потписи почнува на 23 февруари и ќе трае до 8 март. Листите на кандидати треба да бидат поднесени најдоцна до 19 март. Изборната кампања за првиот круг ќе трае од 4 до 22 април, а за вториот круг до 6 мај.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе