Вести Македонија

Небиу во „Вин-Вин“: Личните документи ќе останат доминантна тема, нема изгледи дека сите ќе добијат пасош пред изборите

Личните документи се базична должност што ја има државата кон секој што е нејзин граѓанин. Да претпоставиме дека проблемот не е во промена на името. Тие се менуваат и поради други причини. Такво искуство имавме со биометриските. Ако тоа не успеале да ги испланираат и направат, што е тоа што можат да го направат, вели аналитичарот Бесим Небиу во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Тоа е прилично едноставна операција. Може да се објаснува на овој или оној начин, меѓутоа нема објаснување. Прилично лошо делува и мислам дека ќе има ефект. Цела недела е доминантна тема, дури и претседателските избори паднаа во втор план. Ќе остане таква, бидејќи нема изгледи дека сите ќе добијат пасош пред изборите. Ова е сосема легитимна тема за опозицијата да поентира. Лошо изгледа за власта, бидејќи власта ги води институциите и ќе одврати одреден дел од луѓето кои можеби размислувале дека ќе гласаат за нив. Зборувам за неопределените, настрана „милитантите“ и партиски определените луѓе“, смета Небиу.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе