Вести Македонија

Марковиќ во „Вин-Вин“: „Last minute“ спасувањето со возачките дозволи може многу да одземе од рејтингот на одговорните за ситуацијата

Апсолутно сметам дека ова што се случи со патните исправи и документите генерално и „last minute“ спасување на ситуацијата со возачките дозволи, многу повеќе може да влијае и одземе од рејтингот на оние кои се одговорни за ситуацијата која настана, отколку промена на името, ветото од Бугарија, итн., истакна политикологот Ненад Марковиќ во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Луѓето, дел од нив, сериозно се соочуваат со неможност да се изборат за својата егзистенција, како што се превозници, шпедитери, такси возачи кои можеби возат и меѓународни тури“, вели Марковиќ.

Според Марковиќ, проблемот е настанат во оној момент кога продолжиле да се издаваат пасоши без придавката Северна, а Преспанскиот договор веќе стапил на сила и изгласани биле уставните измени.

„Коренот на проблемот е таму. Можеби немаше да решиме 100 проценти, ама ќе решевме добар дел и немаше да биде ваква драма на социјалните мрежи на кои 97 отсто од постовите се посветени на оваа тема. Да, некој може да излезе и каже дека 650.000 граѓани нема одеднаш да излезат од државата, меѓутоа дали некој е свесен колкав е степенот на негативна енергија и пизма која постои кај луѓето и која е апсолутно оправдана“, смета Марковиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе