Вести Македонија

Љупчо Коцевски го почна шестгодишниот мандат со ветување за транспарентнсот и неселективна борба со криминалот

-Изјавувам и се колнам дека во вршењето на функцијата јавен обвинител ќе го почитувам Уставот на Република Северна Македонија, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Дека функцијата ќе ja вршам совесно, непристрасно и одговорно и дека ќе ги заштитувам слободите и правата на човекот и граѓанинот и интересите на другите правни субјекти . Оваа свечена изјава,  државниот обвинител Љупчо Коцевски  ја даде пред собранискиот спикер  по што седна во најмоќната обвинителска фотеља.

Новата функција  ја смета за тешка и одговорна работа но е уверен дека има искуство и знаење да се справи со сите предизвици. Транспарентноста  и неселективна борба со криминалот и корупцијата – пред медиумите ги истакна како клучни во своeто работење.

-Ценам дека самата транспарентност ќе ја поттикне отчетноста, одговорноста, ефикасноста на јавните обвинители во нивната работа и секако тоа ќе ја подобри самата доверба во јавноста. Ценам дека Јавното обвинителство треба да го заслужи местото и треба да биде навистина единствениот орган кој што се бори против корупцијата. Ценам дека ова што го ветувам дека ќе го исполнам.

Во програмата која вети дека ќе ја исполни во целост, Коцевски ја гарантира непристрасноста и независноста на јавните обвинители во одлучувањето и финансиска независност од извршната власт. Шест годишниот мандат го почнува во турбулентен период за правосудството. Европската Комисија во последниот извештај,  констатираше дека Макеоднија нема напредок во борбата со коруцпијата а на американската црна листа на САД се редеа имиња поради поврзаност со корупција.

Јавноста чека исход за повеќе предмети кои се се уште во обвинителството. Мегу врелите костени се истрагите и предистрагите за надзорот на Бехтел и Енка, упадот во М- НАВ, Онкологија, Лотарија, Соравија но и предметите кои обвинителството пред неколку години ги презема од СЈО но се нема јавнообвинителска одлука.

Коцевски застанува на чело на обвинителството во пресрет на двојните избори. Таму денеска го пречека ВД обвинителката  Соња Симовска од која ја презеде функцијата и со која  разговарале за актуелните состојби во обвинителството.

Пред два дена беше избран со 62 гласа “за” на владеачкото мнозинство и ниту еден против или воздржан . Опозициската ВМРО ДПМНЕ не присуствуваше на гласањето .

Коцевски од 1995 година е адвокат, а во 2008 година беше избран во вишото обвинителство во Гостивар. Пред две години доби унапредување во републичкото обвинителство.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе