Грипот зема уште еден живот. Почина 65-годишен скопјанец, кој бил хоспитализиран на Клиниката за пулмологија, но имал и други хронични болести и не бил вакциниран против сезонски грип.
Расте и бројот на заболени. Минатата недела нивниот број изнесувал 1.875 случаи, што е за 13,4 отсто повеќе од претходната недела.
Во статистиката најбројни се децата од 5 до 14 години, а најмногу случаи има во Кавадарци.
Овие бројки се објавени во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, за период до 11 февруари.
Од Комисијата за заразни болести сметаат дека сезонскиот грип за кратко време ќе го достигне пикот.
Гледаме дека во последните три недели има осцииилации на кривата на заразни. Во извештајот за четвртата недела што е за меѓу сезоната 2023/24 практично имаше 1.800 па наредната недела се намали на 1.600 и сега повторно има зголемување на бројката на новозаразени. Што всушност ни укажува дека се движиме околу пикот на заразени за оваа сезона. Меѓутоа не можеме со сигурност да го кажеме тоа. она што го знаеме историски е дека пикот на новозаразени се очекува до крајот на месец февруари и почеток на месец март, изјави злате мехмедовиќ, комисија за заразни болести.
Во сезоната 2023/24 има 10.537 случаи на грип. Починати се 9 лица, четири од Скопје, по едно лице од Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип, сите биле невакцинирани против сезонски грип и со други болести.
Во Македонија до крајот на минатата недела против сезонски грип се вакцинирани вкупно 61.694 лица.
Тамара Марковска