Без примипредавање на функцијата и кабинетот и без честитка. На прашањето зошто неговиот претходник Меџити, некогаш сопартиец и колега постапил вака Демири со кус одговор „Треба да го прашате него“. Во врска со веќе започнатите проекти на поранешниот министер Фатмир Меџити и дали истите ќе бидат продолжени Демири со став.
Сите проекти кои се базираат на факти и на студии кои говорат дека треба да се продолжат, ќе се продолжат. Тоа е и целта на прифаќањето на оваа позиција, за да нема прекин и да има континуитет во здравствениот систем, изјави министерот за здравство Илир Демири.
Здравствените работници за покачување на платите ќе чекаат по изборите, Демири не го потпиша анексот на колективниот договор. Што се однесува до најавените 1.117 вработувања во здравството, доколку имаме предвид дека конкурси и огласи имаше само во гостиварската и тетовската болница каде што претходно беше Демири директор, новиот министер вели дека во државата има правила и прописи, па овие 1.117 здравствени работници на одреден период повторно ќе работат со договор на дело.
Конкретно во тетовската болница е објавен конкурс, меѓутоа тој конкурс ќе оди во мирување сега сме во време на предизборие и нема да го прекршуваме законскиот правилник што го одредува државата. Вчера е финализирано сите здравствени работници кои работат во здравствениот сектор имаме добиено согласност од Министерство за финансии ќе продолжат со договор на дело, после изборите обезбедени се средства од Министерство за финансии и Влада на РСМ ќе се пристапи кон отворање на конкурси, да не се прекршуваат законските прописи и дефинитивно истите ќе бидат вработени, изјави Демири.
За бројните реакции во јавноста кои се однесуваат на конкурсот за вработување во гостиварската болница, Демири вели дека ја почитува презумцијата на невиност, веќе има одредено комисија која ќе ја проверува гостиварската болница и доколку има неправилности ќе се постапи согласно законските прописи.
Нина Стефанова