Вести Македонија

Роднини и блиски до семејството Мијалкови се наддавале за становите на Водно конфискувани од екс шефот на УБК, открива Призма

Тројца од четворица наддавачи за становите конфискувани од екс шефот на УБК Сашо Мијалков биле поврзани со семејството Мијалкови.

Призма објавува дека  освен фирмата „Бест веј инвестмент“ неговиот син Јордан Мијалков , која победи на јавното наддавање конкуренција му биле  и фирма-ќерка на Бест веј – „Омпетрол оил“, но и сестрата на сопругата на Јордан Мијалков . Единствено за четвртиот наддавач од Призма не нашле поврзаност со семејството на поранешниот прв човек на тајната полиција  Мијалков.

По информацииите дека  трите стана и гаражата на Славејко Арсов на Водно ги купила   фирмата на неговиот син Јордан, семејното наддвање е ново продолжение на трилерот поврзан со продажбата на конфискуваните станови. Оваа лицитација ја следеа и други  контроверзии.

Започна со закани кон заинтересираните наддавачи и вработени во Агенцијата за управување со одземен имот. Ова го објави директорот Дритон Небиу на прес конференција а заканувачите ги посочи и во Топ Тема минатиот месец.

-ВО ИСТИОТ ДЕН КОГА БЕШЕ ДЕНОТ СЕКОЈ ПРИЈАВЕН ДА МОЖЕ ДА ОДИ И ДА ГЛЕДА ШТО СЀ ИМА ВНАТРЕ ВО ТИЕ СТАНОВИ, КАКОВ Е СТАНОТ, И ВО КОЈА СОСТОЈБА ГО КУПУВА СТАНОТ, ЗНАЧИ ИДЕЛЕ ГРУПА ЛУЃЕ ЗАЕДНО СО НАЈТЕСНИОТ КРУГ НА ФАМИЛИЈАТА НА ГОСПОДИНОТ САШО МИЈАЛКОВ, ИМ ПРАТИЛЕ ВИД НА ЗБОРОВИ ДЕКА ВИЕ НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ КУПУВАТЕ ОВИЕ СТАНОВИ, ДЕКА НИЕ НЕ САКАМЕ ТУКА НОВИ СОСЕДИ. ШТО СЕ ПОДРАЗБИРА ТУКА ДЕКА СЕКОЈ ГРАЃАНИН БИ ПРЕСМЕТАЛ ДАЛИ ДА ВЛЕГУВА ВО ТАКВА ИГРА И ВО ТАКОВ ВИД НА ЗАКАНИ, ДАЛИ ВРЕДИ ДА Ѝ ПЛАТИ НА ДРЖАВАТА ПА ПОСЛЕ ДА ИМА ПРИВАТНИ ПРОБЛЕМИ, РЕЧЕ ДИРЕКТОРОТ НЕБИУ, изјави  Дритон Небиу, директор на Агенција за управување на одземен имот на 18.01.23

Според денеска објавените податоци се потврди дека од сите заинтересирани што дошле да ги видат становите само еден што не е поврзан  со семејството се пријавил на лицитацијата.

За заканите Небиу телефонски веднаш ја известил обвинителката од Империја Лиле Стефанова која ја информирала полицијата. Иако пред повеќе од 1 месец добил повик од полицијата и најава дека ќе ги сослушаат вработените кои ги добиле заканите  до денеска никој не дошол, ни потврди Небиу.

Со новиот закон за управување со конфискуван имот кој е во собраниска процедура  ќе се воведе забрана  за членови на блиското семејство на осудениот да лицитираат, најавија надлежните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе