Вести Македонија

Потпишан колективниот договор во одбраната и армијата- гарантирана целосна закупнина за сите и 100 % платено боледување

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Ванчо Исајов, вчера вечер во Министерството за обрана го потпишаа новиот Колективен договор за вработените во одбраната и припадниците на Армијата.

Со овој Колективен договор, значително се унапредува стандардот на вработените во одбраната и целосно се вреднува трудот на вработените кои се исклучително значајна алка во одбранбениот систем.

„Драго ми е што после период на разговори и усогласување, денеска новиот Колективен договор за вработените во одбраната и Армијата стана реалност. Со тоа исправаме една неправда кон вработените во одбраната кои се навистина значаен дел од нашиот систем. Го зголемуваме нивниот стандард и ги мотивираме да продолжат да бидат професионалци чие знаење и искуство помогна Северна Македонија да стане полноправна членка на Алијансата“, рече министерката.

Петровска се заблагодари на репрезентативниот синдикат во одбраната, како и на останатите синдикати за посветеноста и отвореноста во разговорите кои доведоа до потпишување на овој Колективен договор.

Една од одредбите на новиот Колективен договор е исплатата на надоместок за закупнина за сите вработени во одбраната, надоместокот од 100% при боледување за сите вработени во Министерството, вреднување на степенот на образование, исплата на испратнина при пензионирање во висина од 15 плати и друго.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕП го усвои Извештајот за Македонија на Томас Вајц

Дејан Дејан

Изгаснат пожарот во Чучер-Сандево, се гасат уште седум други

Дејан Дејан

Европската комисија подготвена за сите сценарија околу американските царини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе