Вести Македонија

ФОТО: Ново училиште изградено во Визбегово

Ново и модерно училиште е изградено во скопско Визбегово.  Ќе го носи името на населеното место. Објектот има 20 училници, кабинети по општествени и природни науки, музичко и ликовно образование, лифт за лица со посебни потреби, библиотека. За изградбата на училиштето се потрошени околу 110 милиони денари обезбедени од Буџетот преку програма на владата и МОН.

Капацитетот на училиштето е за 1000 ученици, односно по 500 ученици ќе посетуваат настава во една смена. Планот е ОУ „Визбегово“ да ги растерети другите училишта од оваа општина, но и од Чаир и Шуто Оризари каде досега се запишувале ученици од населба Визбегово.

На завршувањето на изградбата, во посета на училиштето беа владини претставници и државната секретарка во Министерството за образование и наука.

-Преку оваа училиште, како влада имаме за цел на идните генерации од овој дел на Скопје да им даде можност да развијат знаења и вредности кои се потребни и за нашата економија и изградбата на посветла иднина за сите. Образованието служи како камен-темелник на економскиот просперитет на нашата држава, играјќи клучна улога во поттикнувањето на иновациите, продуктивноста и севкупниот економски раст и развој, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови шест земји на списокот на Трамп за повисоки царини

Дејан Дејан

(Видео) Скопје во огнен обрач, ветрот со „разбуди“ пожарот во Чучер Сандево и ја отсече Македонија од северната граница

Дејан Дејан

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе