Работниот ангажман на крузер на пат околу светот за 100 дена за Виктор Настeски полека станува пекол. Заглавен на крузерот на кој работи како готвач, Настeски, бара држава која ќе му дозволи да се симне од бродот со пасошот со старото уставно име. Тој е во процедура на вадење на патен лист за да се врати во Македонија за да извади нов пасош.
Проблемот е што, еве на пример Фиџи забрани јас да излезам бидејќи пасошот ми е сега неважечки и не ми дозволија да летам. Компанијата сакаше да проба да ме прати на 12-ти последниот ден кога истекува пасошот, но бидејќи јас ќе треба да патувам два дена, ќе патувам и на 13-ти февруару, и можам да заглавам по аеродроми, компанијата рече нема да те пратиме и Фиџи одби. Така што сега патувам за Нов Зеланд. По последните информации, но се менуваат тие, ќе можам да излезам надвор од Нов Зеланд. Австралија уште нема вратено со одговор дали ќе можам да излезам, вели Виктор Настeски, македонски граѓанин кој работи на крузер.
Приказната на Виктор е само една од илјадниците македонски граѓани кои се наоѓаат низ светот, особено во земји каде немаме дипломатски претставништва каде може да се извади патен лист за враќање во земјава.
Сигурен сум дка има уште 800 морепловци од Македонија кои се заглавени и дури познавам некои коишто се сега на пат во Австралија и они не знат, компаниите не знаат што да прават. Значи ова е тотален хаос, вели Настески за Телма.
Но сагата на македонските граѓани низ светот да биде уште поголема, таму пак каде што има дипломатско конзуларни претставништва има недостиг на патни литови.
Телма се обиде денеска да добие информација од МНР во кои дипломатксо-конзуларни претставништва нема патни листови и кога ќе им бидат дистрибуирани за да можат македонските граѓани затекнати во странство со пасош со старото уставно име, да ги извадат и да се вратат во државата, но до овој момент од таму не добивме никаков одговор.
Од МНР нема одговор ниту на прашањето дали и колку македонски граѓани побарале од државата помош, заглавени по аеродроми и граници низ светот поради неможност да го продолжат своето патување кон земјава поради невалиден пасош.
Од Компанијата Коузон, преку која илјадници македонски граѓани заминале на сезонска работа во странство, работа на брод, работа за студенти во САД, за Телма велат дека и до нив досега не е стигнато барање од наш државјанин кој не може да се врати во земјава.
Сепак наведуват дека непосредно пред старите пасоши да станат неважечки, во земјава биле вратени над 40 граѓани кои преку компанијата заминале на работа во друга држава или на брод, за вадење на нова патна исправа за да можат да го продолжат својата работа во странство.
Инаку Телма упати прашање и до Европската комисија за тоа дали земјите на Европската унија ќе бидат флексибилни кон македонските граѓани кои деновиве со старите пасоши ќе се најдат на нивните граници на пат кон Македонија и дали такво нешто е веќе побарано од страна на македонската држава.
Во меѓувреме трите непосредни соседи на државава, Албанија, Косово и Србија, каде македонските граѓани досега можеа да патуваат и со личи карти, тоа го правеа и денеска. Иако засеа нема официјални одлука на трите држави за такво нешто, на граничните премини се пропуштаат македонските граѓани и со личи карти и сообраќајни дозволи со старото уставно име.
Тамара Грнчароска