Вести Македонија

Села: Алијанса За Албанците не е партија на потписи

Нема никаква одлука за влегување во коалиција пред избори, дециден Зијадин Села, актуелен прв човек на партиското собрание, кој го обвини Таравари за кршење на партискиот статут и најави негово разрешување.

Одговорност за Таравари ќе ја бара преку централно претседателство кое рече дека ќе го повика во сабота. Села е дециден дека партијата оди самостојно на избори.

Меѓу првите во редот поддржувачи на Села синоќа беше министерот за правда Кренер Лога, а министерот за здравство Меџити пак го сподели постот на Таравари.

Алијансата на Албанците не е партија на потписи, одговори Зијадин Села, на прашањето што значат потписите што ги собира лидерот Арбен Таравари за поддршка.

Таравари е на чело на Алијанса на Албанците од септември 2022 година. Во последниот негов пост објави дека ја добил поддршката од мнозинството пратеници на Алијанса, дека доброволно биле собрани 80 потписи на пратеници од вкупно 133 во партиското Собрание, додека процесот на собирање потписи продолжува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Десетици илјади шиитски муслимани маршираат кон Карбала за Ашура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе