Вести Македонија

За Меџити сертификат за јазици на Стевановиќ е истечен, но во нејзината биографија има сертификат кој нема временски ограничувања

Екс директорката на Клиниката за инфектологија Милена Стевановиќ не била разрешена ниту пак и истекол мандатот, тврди министерот за здравство Меџити. Според него, единствена причина за смената на Стевановиќ е истечениот сертификат за странски јазици. На нејзино место е назначен инфектологот Фадил Цана кој имал комплетна документација, а воедно е сопартиец на министерот за здравство.

„Не е разрешена директорката, ниту пак и беше истечен мандатот, мислам дека е до април. Директорката сама си објавила конкурс за мандат и ние во министерството ја прегледувавме документацијата и утврдивме дека има истечен сертификат за јазици. Имаше двајца кандидати и ние го одбравме тој што беше со комплетна документација“, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.

Во CV-то на д-р Милена Стевановиќ стои меѓу другото дека своите магистерски студии ги има подготвувано во Ројал Стејт Хоспитал Лондон и Челси Вестминстер Хоспитал Лондон , a една година била на специјализација исто така во Англија.

Поседува сертификат за англиски јазик издаден од Кембриџ како најпризната квалификација за знаење на англиски јазик во светот, сертификат кој нема временски ограничувања.

Поради истекување на мандат во време на предизборен период, спроведени се конкурси во три здравствени установи за избор на четири директори, но само Стевановиќ не е повторно избрана поради јазичен сертификат.

На Гинекологија и понатаму ќе управуваат Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски, а на Клиниката за психијатрија останува медицински директор Стојан Бајрактаров.

Доктор Милена Стевановиќ седум години беше директорка на Инфективна клиника опфаќајки го и најтешкиот период со Ковид пандемијата.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе