Култура

МОДНА ИЗЛОЖБА „НОСИМЕ УМЕТНОСТ“- ОМАЖ ЗА ПИКАСО И КУБИЗМОТ

Во Францускиот институт во Скопје вечерва во 18 часот ќе биде отворена модната изложба „Носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE/nous portons l’ART“, составена од креации на студентите на Катедрата за дизајн на текстил при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, под креативно водство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева.

Со омаж на Пикасо и на кубизмот, Амбасадата на Шпанија го поддржа проектот на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева, која, со студентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошкометалуршкиот факултет, организираше модна ревија во Музејот на град Скопје. Преку избор на дел од овие модни креации, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Шпанија продолжуваат со омаж на еден најголемите сликари на дваесеттиот век со изложба во излогот на Францускиот институт во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Универзална сала во септември

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе