Емисии Код

КОД: Со мазут, екстра профит преку ТЕЦ Неготино, кражба на ДДВ и промена на ДУП за еден ден во Тетово

-Веќе една година КОД истражува како мазутот на РКМ се користеше од страна на ЕСМ и како оваа фирма ги доби речиси сите тендери за мазут.

Истрагата ја продолжи и антикорупциската комисија која стаса до иницијатива до обвинителството за гонење на сите државни службеници инволвирани во оваа афера но и приватните фирми кои ја спровеле набавката. Меѓу нив се имињата на министерот за економија Крешник Бектеши и поранешниот генерален директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

-Во КОД и за фирмите кои со фиктивни фактури за купување нафта сакаа да си направат поврат на ДДВ. Како фирмите од кумановско-липковско го изведувале планот без да продаваат нафтени деривати туку со фалсификување на фактури.

-Од Тетово за еден спор за приватно земјиште само за еден ден е сменет Деталниот урбанистички план. Земјиштето се наоѓа во кругот на болницата во Тетово.

Емисијата „Со мазут, екстра профит преку ТЕЦ Неготино, кражба на ДДВ и промена на ДУП за еден ден во Тетово“ е емитувана на ТВ Телма на 21.01.2024.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема – Интервју со вицепремиерот и еден од лидерите на ВРЕДИ Изет Меџити 25.04.2025

Дејан Дејан

Вин Вин 24.04.2025

Дејан Дејан

Топ Тема – Дали Реформската агенда од Планот за раст ќе остане само на хартија? 23.04.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе