Вести Македонија

Неофицијално Миљазим Мустафа ја повлекува иницијативата за разрешување на Адеми!?

Неофицијално членот на Судски совет Миљазим Мустафа кој ја поднесе иницијативата за разрешување на претседателката на Врховен Беса Адеми, има намера да се откаже од барањето на дисциплинската постапка, непосредно пред најавата дека денеска треба да се одржи седница на која на дневен ред треба да се најде токму оваа точка.

Од Судски совет за Телма утрово велат дека до сега до нив таква информација нема. Доколку дојде до тоа ќе се одржи седница на која само ќе се констатира дека тој се повлекува од иницијативата и седницата за разрешување на Беса нема да се одржи.

Миљазим Мустафа и забележа на Беса Адеми дека не се појавувала на седниците на судски совет што според него е професионална и правна некултура во постапувањето, и почитувањето на институциите.

Иницијативата беше поттикната по интервју на Беса Адеми во еден од македонските медиуми дека врз неа се вршат политички притисоци поврзани со аболициите на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, со што како што таа тогаш рече се сака Груевски да се врати во земјава.

Миљазим Мустава доаѓа од редовите на ДИУ. Пред извесно време амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп оствари средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети во која меѓу другото му ја пренесе пораката дека по континуираниот двегодишен пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар.

Нагласи и дека несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд е неприфатливо и ќе предизвика силна реакција од Холандија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошувачката кошничка не смее да се крати од четиричлено на тричлено семејство – интервју со Менди Ќура

Дејан Дејан

Научниците пронајдоа можни услови за живот на планета која е оддалечена 124 светлосни години од Земјата

Дејан Дејан

ДУИ ќе профитира најмногу од промените во коалицијата „Вреди“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе