Вести Македонија

Кривичен сè уште без одлука по жалбата на обвинителството за куќниот притвор за Лабинот Ќерими

Кривичниот совет во скопскиот Кривичен суд сè уште не донел одлука по жалбата на обвинителството за мерката куќен притвор за Лабинот Ќерими, кој е осомничен за упадот во М-НАВ. Ќерими беше фатен на граничниот премин Блаце во петокот. Тој е дел од групата на четири лица кои беа недостапни за органите на прогонот по инцидентот во контролата на летање на 4 јануари.

По него беше распишана централна потерница и откако МВР го пронајде, обвинителството побара затворски притвор. Осомничениот Ќерими, како што претходно објави Телма, додека бил вработен во М-НАВ, истовремено шест месеци печалел и во Германија, па кога го фатиле, сам си дал отказ во македонска навигација.

На социјалните мрежи сè уште пишува дека е вработен во М-НАВ. Според извори на КОД, Ќерими е баџанак на Беким Незири, исто така осомничен за упадот и координатор на ДУИ во Чаир. Со Ќерими во Германија бил и Рамадан Брава, кој е во куќен притвор за случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе