Вести Македонија Најважни

Беса Адеми останува судија-претседател на Врховниот суд, мнозинството ја отфрли иницијативата на Миљазим Мустафа

Мнозинството членови на Судскиот совет ја отфрли иницијатива на нивниот колега од Советот Миљазим Мустафа за разрешување на Беса Адеми, врховна судијка и претседател на Врховниот Суд.

Со 7 гласови за отфрлање и 4 гласа против односно за разрешување на Адеми, Советот одлучи да не ја прифати иницијатива, со што Беса Адеми останува на позицијата-претседател на Врховен суд.

Членот на Советот Мустафа ја поднесе иницијативата поради нејзино недоаѓање на седниците на Судскиот совет (по функција, претседателот на Врховниот суд е член на Судскиот совет) како и отсуството по повикот од Советот, Адеми да каже од каде доаѓаат политичките притисоци врз Врховниот суд за да се прифати и легализира амнестијата на Ѓорге Иванов (таа го оправда отсуството).

Одлуката на членовите на Судскиот совет се случува откако Управниот суд ја врати на позицијата претседател на Судскиот Совет, Весна Дамева, која според судската одлука била незаконски разрешена.

Исто така вчера, средба со Дамева и поддршка на независен Судски совет дадоа евро амбасадорот Гир и холандскиот амбасадор Коп. Но, најсериозното спомнување на случајот со Беса Адеми и политичките притисоци врз судството беа потенцирани на средбата меѓу амбасадорот Коп и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе