Вести Македонија Најважни

Адеми останува на чело на Врховен – Судски со хокеарски резултат ја остави на позицијата

Седуммина членови не дозволија претседателката на Врховен, Беса Адеми да биде разрешена или казнета. Четворица беа против да се запре оваа дисциплинска постапка. Во ставовите предничеше Тања Чачарова-Илиевска, избрана од собранието, која претходно била адвокатка и советничка на екс премиерот Заев. Таа тврдеше дека врховната судијка не го почитувала Уставот и најави дека најмалку што треба да добие е укор. Лорета Георгиева, судијка од струмичкиот суд, јавно не кажа како ќе гласа, но критички говореше за Адеми. Селим Адеми тврдеше дека претседателката на Врховен може да мине и полесно.

Со аргументи за запирње на дисциплинската постапка се произнесоа претседателката на Советот Весна Дамева, екс претседателите Сашко Георгиев и Павлина Црвенковска, судиите Ивица Николовски, Мери Радевска и Антоанета Димовска.

Чачарова Илиевска оцени дека Адеми, наместо да дава интервју, за притисоците врз судиите требала да дојде прво кај нив. Други членови на Советот, пак, рекоа дека не сакаат да веруваат дека мотивот за дисциплинската постапка е интервјуто за медиумите, а Ивица Николовски ги повика судиите и јавно да говорат за притисоците.

Милјазим Мустафа, кој предложи да биде разрешена по закон, не присуствуваше на расправата. За зло и го зема неприсуството на 21-та седница на судски по контроверзната смена на Дамева и непојавувањето на работниот состанок по интревјуто во кое говороеше за притисоци врз судиите поврзани со оживување на аболицијата на Иванов.

Дел од членовите на судски тврдеа дека Мустафа поднел иницијатива против Адеми, откако сите на колегиум заклучиле дека Адеми несоодветно се однесувала, не се одзвала на поканата за работна средба, а денеска ретерираат. Од друга страна, претседателата Дамева рече дека на колегиум дискутирале Адеми да биде повикана да каже, но грешката, според неа, била направена во наредните дејствија кога Мустафа веќе следниот ден поднел барање за одговорност.

Правична и праведна е одлуката на судксиот совет е првата реакција на Беса Адеми.

„Ова е голем ден за судството во РСМ. Во таа смисла, од сега па натаму, да продолжиме со интензива работа за исполнување на стандардите, констатациите и препораките на Европската Унија кои што се клучни за иднината на нашата држава на патот кон ЕУ, рече Адеми во разговор за Телма.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе