Вести Македонија

Пронајдени седум мигранти од Сирија, криумчарот приведен

Триесетгодишен жител на село Градошорци, општина Василево, И.М., вчеравечер околу 19.40 часот во струмичкото село Костурино бил приведен од полиција, осомничен за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Во неговото возило биле откриени седум  мигранти од Сирија. И.М. го лишиле полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран при Регионалниот центар за гранични работи Исток.

Околу 19.30 часот на регионалниот пат P-1401, на место викано Валандовско брдо, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила „бмв“, со битолски и со штипски регистарски ознаки, но возилата не застанале, по што во село Костурино возилото „бмв“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал И.М., било запрено, а при преглед во него биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

ОЈО ги испитува причините за настанување на пожарот во Визбегово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе