Останато Спорт

Гут-Бехрами ги победи домашните фаворитки Хитер и Пухнер во Алтенмаркт

Лара Гут-Бехрами во Алтенмаркт дојде до третата сезонска победа во Светскиот куп во алпско скијање, но прва во супер велеслалом и тоа со време 1 минута, 14 секунди и 95 стотинки.

Зад неа со 25 стотинки послабо време заврши Корнелија Хитер од Австрија, а трета беше уште една Австријка, Мирјам Пухнер.

Хитер води во супер велеслалом со 310 бодови, а денешната победничка Гут-Бехрами е втора со 220. Во генералниот поредок прва е Микаела Шифрин со 929 бодови, Федерика Брињоне е втора со 787, а Гут-Бехрами е трета со 749 бодови.

Во вторник се вози слаломска трка во Флахау, а следниот викенд натпреварите продолжуваат во Јасна, Словачка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе